Владата на Викторија на секое домаќинство ќе му даде 50 долари доколку ја посети оваа интернет страница

Секое домаќинство во Викторија ќе добие 50 долари доколку ја посети интернет страницата на владата која им помага да пронајдат подобри договори за струја и плин.

Владата на Викторија на купувачите им нуди готовински бонус за енергија од 50 долари. Sunday Herald известува дека секое домаќинство ќе добие 50 долари доколку ја посети страницата на владата која на луѓето им помага да пронајдат подобар договор за струја и гас. Премиерот Даниел Ендрус го откри планот со кој на сметка на секој клиент на компанијата Victorian Power кој ќе се регистира на интернет страницата за споредба на дистрибутерите на енерегија victorianenergysaver.gov.au., ќе се уплатат 50 долари.
Оваа интернет страница на домаќинствата им ги покажува најдобрите тарифи за нив, според нивните индивидуални околности и електрична енергија што ја користат. Ендрус вели дека споменатата страница ус­пешно ги намалува сметките за електрична енергија на голем број семејства, а просечната заштеда за домаќинствата само во првата година изнесува $330. „Знаеме дека постојат подобри опции за семејствата во Викторија, со ова имаме за цел да ги мотивираме да ја посетат оваа интернет страница и да ги пронајдат. Поголемите компании за дистрибуција на енергија се потпираат на тоа дека луѓето немаат време, информации и знаења да добијат подобар договор. Тоа сега ќе се промени” – вели тој.
Овој потег е дел од акцијата на лабуристичката влада вреден $50 милиони во изборна година. Трошоците на живот ќе играат клучна улога пред државните избори во ноември, а годинава сметките во домаќинствата рапидно растат. Не постои обврска луѓето да го променат својот добавувач на енергија за да го добијат овој бонус од 50 долари. Претставниците на домаќинството едноставно мораат да се пријават меѓу 1 јули и 31 декември и да дадат информации и број на сметка на која ќе им бидат уплатени парите. Ќе се даде само еден бонус по домаќинство. Семејствата кои имаат проблем со плаќање на сметките поради неочекувани потешкотии, како што е губење на работа, ќе добијат и $22 милиони за зголемување на помошта. Ограничувањето на сумата за оние кои примаат поддршка за плаќање на сметката за електрична енергија во склоп на програмата Utility Relief Grant ќе се зголеми од $500 на $650.
Анализата на St Vincent de Paul Society покажа дека просечната сметка за енергија пораснала за околку $300 минатата година, но ова значително би можело да се намали со истражување на пазарот. Посебно истражување на Австралискиот национален универзитет покажува дека сметките за електрична енергија во домаќинствата се зголемила над 119 отсто во Викторија во изминатата деценија. Трошокот на енергија не е само проблем во Викторија – цените се зголемија низ земјата од 1 јануари минатата година откога три големи добавувачи на енергија (Origin, Energy Australia и AGL) најавија зголемување во некои држави и до 20 отсто што е околу $600 годишно за просечен потрошувач.

Останати вести