Минатава сабота, Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија, по повод 50 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија, во лицето на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), патрониот празник “св.Климент Охридски” и храмовата слава “св. Георгиј Победоносец”, се одржа Духовна Академија во македонската православната црква “св, Георгиј и Пресвета Богородица”.
Празнична вечерна богослужба во катедралната црква чиноначалствуваше Архимандритот Гаврил во сослужение со свештениците Ефтим Бетински и Климент Станковски.
Потоа беше прочитано поздравно слово од Митрополит Тимотеј, и слово од парохискиот свештеник при храмот “св.Георгиј и Пресвета Богородица” о. Климент.
До присутните се обрати и претседателот на Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија, госп. Мирчо Ангеловски.
Потоа се премина на неформалниот дел и коктел партија во црковната просторија под храмот.




