Фудбалерите на Барселона, предводени од гол машината Роберт Левандовски, со 0:0 ја отворија сезоната во Лига. Главен виновник е чуварот на голот на Македонија кој беше играч број 1 на мечот. Три меча по ред не им дозволува да го совладаат.
Нерешениот резултат на Рајо Ваљекано против Барселона се врзува со двете претходни нивни пресметки од минатата сезона и се добиваат три натпревари по ред без примен гол.
Рајо ги шокираше Каталонците два пати со 1:0, а последниов пат им одигра 0:0 за што српски “Блиц“ отиде со наслов:
„Бајка на Македонецот. На три меча по ред не прими гол од Барса и со 10 одбрани исмеја 153 милиони евра“ (мислејќи на засилувањата).
Главна тема за обработка на статистичарите им беше токму Столе кој, внимавајте добро, после 50 години станал прв голман кој успеал да го сочува несовладан својот гол на “Камп ноу“ на две средби во низа.
Димитриевски ги одбрани сите 10 удари на последното соочување со Барселона, а дури беше прогласен за МВП.
Столе Димитриевски стана четврти голман во историјата на шпанското првенство кој успеал да остане несовладан на две гостувања по ред на “Камп ноу“: