Рациновото признание за Ана Стојаноска, почесното постхумно за Предраг Матеевиќ

54. РАЦИНОВИ СРЕДБИ
Минатиот викенд се одржа 54 издание на “Рациновите средби” во Велес.

Наградата „Рациново признание” за најдобра прозна книга едногласно и е доделена на Ана Стојаноска за романот „Јас и Лин, отпосле”, а „Почесното Рациново признание” за 2017 година за особени заслуги во афирмација и промоција на македонскиот јазик, книжевност и култура постхумно му е доделено на Предраг Матвеjевиќ од Хрватска, кој почина пред неполни четири месеци, истакнат универзитетски професор и шеф на катедри на три респективни универзитети: загрепскиот, париската „Сорбона” и римската „Ла Сапиенца”. Тој беше и член на МАНУ.

Како што информира директорот на “Рациновите средби”, Васил Зафирчев, годинава биле пријавени 20 дела. Во првиот круг за наградата влегле десет, а во вториот пет романи.

– Станува збор за текст кој може да се чита како отворен книжевен експеримент, во кој преку преплетување на неколку различни конвенции и постапки (романескни, драмски, дневнички, епистоларни, поетски и оние од поп-културата) се создаваат специфични жанровски микстири. Книгата изоболува со бројни интертекстуални постапки (роман во роман, текстови во текст) и интертекстуални референции кон различни книжевни и филмски текстови, појасни Зафирчев.

Ана Стојаноска е вработена како професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, дипломирала општа и компаративна книжевност, а магистрирала и докторирала театрологија.

Во изјвата за МИА таа појасни дека овој роман го напишала пред 12 години, конкурирала во повеќе издавачки куќи и конечно од ИК „Блесок” препознале нешто во него и и го објавиле.

Останати вести