Шокантен извештај откри дека Австралијците на полицијата за само три месеци и предале над 57.000 парчиња илегално огнено оружје.
Предадени се околу 2.500 парчиња автоматски или полуавтоматски пушки кои до сега не биле пријавени и 2.900 пиштоли, се наведува во Извештајот за националната амнестија за оружје.
Меѓу другото предадени се и неколку бизарни, необични парчиња оружје, но и загрижувачки разорувачки оружја. На пример, фрлач на ракети кој е предаден на полицијата во Квинсленд. Опасната машина од марка Browning Buffalo Arms M1919A4 која се користела за време на Втората светска војна, Корејската и Виетнамската војна, предадена е во Западна Австралија. Оружјето е пронајдено складирано во кутија во печка на голем имот. Во Јужна Австралија предадена е и рачно изработен митралез кој при предавањето бил скриен во куфер. Во Тасманија еден сопственик на оружје предал полуавтоматска пушка Norinco SKK и над 1000 куршуми. За време на простувањето освен огнено оружје предадени се и друг вид оружје. Само во Викторија предадени се 97 оружја со острици и 54 оружја без острици. Меѓу другото биле предадени лакови и стрели, мачеви, електрични пиштоли, бодежи, боксери и ножеви. Покрај смртоносниот потенцијал кое го има ова оружје некои од нив имаат и историска важност и предадени им се на музеите да ги изложат. Дел од тие оружја е и антиквитетниот револвер, како и неколку мачеви од швајцарската војска од 1880 година. Министерот за правда и сигурност, Angus Taylor порача дека ова простување е добар пример за тоа што се може да се постигне кога владата и австралиската јавност соработуваат за заедницата да ја направат посигурна.
„Фактот дека ова оруже повеќе не се наоѓа на улиците, значи дека не може да падне во раце на криминалци кои би можеле да го употребат за загрозување на животите на Австралиците” – вели тој. Но, уште е долг патот до предавање на 260.000 парчиња нелегално оружје кое се наоѓа во рацете на црниот маркет. Полицијата на Нов Јужен Велс примила најголем број нелегално оружје за време на ова простување – вкупниот број на предадено оружје во оваа држава изнесува 24.831. Следува Квинсленд со 16.375 парчиња предадено оружје, додека во Викторија се предадени 9.175 парчиња. Владата не ја исклучи можноста за спроведување вакви акции и во иднина.