Ковид-19 досега заразил 61 трудница и 280 деца до 9 години

Еве како Македонците си го “одгледуваат“ вирусот - сцени од минатата недела пред банки во Куманово и Скопје

Во Македонија не стивнува темпото на ширење на заразата со ковид-19. И натаму дневно има околу 100 новорегистрирани, но загрижува тоа што бројот на починати се качува и до 15 дневно. Бројот на заразени стигна до 7.000 а на починати кај 350.

Кај оние што имале симптоми на инфекција најчесто се регистрирани: температура (63.1%), кашлица (43.1%), премаленост (42.4%), треска (16.0%), главоболка (13.4%), болка во грло (13.3%) и отежнато дишење (12.6%).
Коронавирусот заразил и 280 деца до 9 години, од кои 6 биле хоспитализирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и 284 лица од 10 до 19 години. Пријавени се 61 случај кај бремени жени, од кои 15 биле хоспитализирани во текот на болеста.
Според местото на постојано живеење/повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 32 града низ државата и најголем дел се регистрирани од Скопје, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет процентуално се регистрира во Струга, Куманово и во Прилеп.
Најголем број заболени се на возраст над 60 години – 1.386 (22.3%).

Останати вести