Со танц, традиција и заедништво заврши уште една успешна година за играорците на МКУД „Светлост“. Од управата, со голема гордост и радост, им упатија честитки на сите фолклористи за нивните извонредни настапи на вечерната презентација. Посветеноста, енергијата и љубовта кон македонскиот фолклор уште еднаш ја оживеаја традицијата и ја исполнија салата со емоции, аплаузи и насмевки.

Зад играорците е година исполнета со танц, култура, пријателство и силно чувство на заедништво.
Оваа година имаше и особено значење за друштвото, кое одбележа значаен 65-годишен јубилеј од своето постоење — години посветени на негување на македонската традиција, фолклор и култура, пренесувани од генерација на генерација.

Од управата порачуваат дека сите оние кои сакаат да научат традиционално македонско танцување, да ја запознаат богатата македонска култура и да станат дел од едно топло и сплотено семејство, се добредојдени да им се придружат. Станете дел од семејството „Светлост“ и започнете уште една возбудлива година исполнета со танцување, дружење и незаборавна забава во 2026 година.