По речиси две години Австралија повторно ги отвори границите кои беа затворени поради пандемијата со ковид -19. Во понеделник пристигнаа првите целосно вакцинирани туристи од странство, а граѓаните на земјата конечно се вратија кај семејството и пријателите.

Туризмот и угостителскиот сектор со нетрпение чекаат закрепнување по ограничувањата наметнати од властите за пандемијата.
На аеродромите имаше трогателни сцени на семејствата.
„Бевме разделени седумстотини дваесет и четири дена и ова е единственото нешто што ми е важно денес. Не сакам да го пуштам да си оди, ви благодарам што ми го вративте“, изјави Сју Витон во Мелбурн каде го пречека синот Сајмон и конечно го прегрнала по две години.
Од сега сите патници и туристите нема да мора да бидат ставени во карантин.