Национална Премиер лига на Викторија – 22. коло, Данденонг Тандер– Алтона Маџик Вардар 0:2

Алтона Маџик Вардар забележа значајна победа во гости од 0:2 против секогаш незгодниот Данденонг Тандер. По израмнетото прво полувреме „црвено-црните“ го скршија отпорот на домаќините во вториот дел. Овен Меклоски во 60. минута го отвори резултатот, а само четири минути подоцна Ајман Сордо ги постави конечните 0:2, обезбедувајќи заслужена победа за својот тим.

Со овие три бода Алтона Маџик Вардар останува на истата позиција на табелата, но најважно е што продолжува да ја зголемува бодовната залиха и да се оддалечува од опасната зона во борбата за опстанок.

Од друга страна Данденонг Тандер се наоѓа во исклучително тешка ситуација. Клубот неодамна остана без дури 17 фудбалери, што дополнително ги усложни неговите проблеми, па според актуелните случувања се очекува оваа сезона да води тешка битка за опстанок, со реална опасност да испадне од лигата.

Во следното, 23. коло, Алтона Маџик Вардар ќе биде домаќин на Џорџ Крос. Натпреварот ќе се одигра во сабота, на 1 август, со почеток во 15:15 часот.

ТАБЕЛА
Окли 47
Хјум Сити 40
Авондаел 38
Престон Македонија 36
Саут Мелбурн 35
Хајделберг 33
Џорџ Крос 31
Мелбурн Сити 30
Сент Албанс 27
Алтона Маџик Вардар 26
Данденонг Сити 23
Бентли 19
Данденонг Тандер 15
Грин Гали 14

Останати вести