НПЛ Нов Јужен Велс – 25. коло, Рокдејл Илинден – Сатерланд Шаркс 1:3

Рокдејл Илинден доживеа пораз од Сатерланд со 1:3, иако “комитите” први стигнаа до водство. По убедливата победа од 6:0 над Сент Џорџ во минатото коло, со која успешно се врати по одлуката за одземање на три бода, Рокдејл Илинден имаше нов тежок предизвик во борбата за пласман меѓу првите шест екипи и место за игра во шампионското разигрување.

„Комитите“ поведоа во 34. минута преку новото засилување Џејмс Темелковски, поранешен фудбалер на Сатерланд, кој погоди против својот поранешен клуб за водство од 1:0.

Сепак, гостите израмнија во 44. минута преку Николас Олсен кој прецизно реализираше пенал за 1:1 пред крај на првото полувреме.

Во продолжението Олсен повторно беше во центарот на вниманието. Во 51. минута го постигна својот втор погодок на натпреварот и му донесе предност на Сатерланд од 1:2.

Рокдејл доби надеж во 84. минута, кога Брендан Ген заработи црвен картон, оставајќи ги гостите со играч помалку. И покрај бројната предност, Илинден не успеа да стигне до израмнување.

Во судиското продолжение, во 95. минута, Олсен го комплетираше својот хет-трик и ги постави конечните 1:3, носејќи му значајна победа на Сатерланд.

Во следното, 26. коло, Рокдејл Илинден ќе биде домаќин на Манли Јунајтед. Натпреварот е закажан за недела, 2 август, со почеток во 15:00 часот.

ТАБЕЛА
АПИА Леикард 57
Маркони Сталионс 55
Сиднеј Јунајтед 51
Сатерланд Шаркс 39
Рокдејл Илинден 39
Сиднеј 36
Манли Јунајтед 34
В.С. Вондерерс 32
Волонгонг Вулвс 32
СД Раидерс 32
УНЈВ 31
НВС Спирит 31
Блектаун Сити 28
Сент Џорџ Сити 28
Сент Џорџ Саинтс 20
Сиднеј Олимпик 19

Останати вести