Минатиот викенд, Битолското социјално друштво „Александар Турунџев“ од Мелбурн организираше посета на Аделаид, каде што ги пречекаа домаќините од Македонска заедница на Аделаид и Јужна Австралија, по повод одбележувањето на традиционалната Митровденска забава.
За време на престојот во Аделаид, членовите на друштвото ја посетија и македонската православна црква „Свети Наум Охридски“ во Фајндон, каде што оддадоа почит и запалија свеќи, во духот на верата, традицијата и почитта кон духовните корени.
Вечерта продолжи во празнична и весела атмосфера, со одржувањето на Митровденската забава, исполнета со македонска музика, оро, песна и дружење.
Од друштвото изразија голема благодарност до домаќините од Македонска заедница на Аделаид и Јужна Австралија, за топлото гостопримство и убавото дружење.