Илјадници Австралијанци минатиот викенд учествуваа на протестни собири низ целата земја, а од кои беше упатено барање до владата на Албанезе да ја запре масовната имиграција.
Антиимиграциските собири „Марш за Австралија“ се одржаа во сите поголеми градови и регионални центри.
„Масовната миграција ги раскина врските што ги држеа нашите заедници заедно“, тврдат организаторите. Според нив, целта на собирите е да се направи „тоа што мејнстрим политичарите никогаш немаат храброст да го направат: да се побара крај на преголемата имиграција“.
Министерот за труд Мареј Ват за телевизија „Скај њуз“ изјави дека ги осудува антиимиграциските протести.
„Апсолутно го осудуваме митингот ‚Марш за Австралија‘. Не ги поддржуваме ваквите собири што имаат за цел ширење омраза и поделба на нашата заедница“, рече Ват.
Тој изјави дека антиимиграциските протести биле „организирани и промовирани“ од неонацистички групи.
Во исто време, во Сиднеј и Мелбурн се одржаа контрапротести, а кои беа организирани од Коалицијата за акција против бегалците.