Според Изборниот закон државата е должна да го плати рекламирањето на најголемите партии од буџетски средства. До Државната изборна комисија (ДИК) пристигнале 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали за Локалните избори за 2025. Од таа бројка ДИК регистрира 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. Кај нив ќе се одвива платеното политичко рекламирање а секоја партија самата бира каде и колку. Средствата кои ќе се потрошат за ова рекламирање се околу 6.5 милиони евра или 66% од буџетот на Државната изборна комисија за Локалните избори – вкупно ќе чинат околу 9.76 милиони евра (A$17.5 милиони).
Првиот круг на локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември.