Врховниот суд на Австралија одлучи абориџините дека не можат да бидат депортирани, дури и да не се родени на австралиска територија и да не поднеле молба за австралиско државјанство.
Одлуката на највисокиот суд е многу важна за сите претставници на домородното население во Австралија, кое денеска е малцинство во земјата. Конзервативната влада во Канбера во последно време презеде чекори за депортирање на стотици осудени странци.
Судскиот предмет против оваа пракса го поднесоа Даниел Лав, државјанин на Папуа Нова Гвинеја, и Брандан Томс, државјанин на Нов Зеланд, кои се родени во странство, но еден од нивните родители е абориџин.
И двајцата од мали деца живеат во Австралија, со документи за постојан престој, но досега не поднеле молба за австралиско државјанство.
Адвокатката на двајцата побара Томс да биде ослободен од центарот за бегалци, каде е држан против својата волја веќе една година, додека течеа роковите во процесот за негово депортирање.
Судот одлучи дека занаследниците на домородното население на Австралија не важат имиграциските закони на земјата.
Ова е прва одлука во историјата на највисокиот суд во земјата што се однесува на прашањето дали владата има право да депортира наследници на домордното население.
Абориџините живеат на австралискиот континент цели 60.000 години, а сегашниот Устав на Австралија е од 1901 година.
Брендан Томс и Даниел Лав имаат криминални досиеја и издржале затворски казни за насилен напад.
Според контроверзните австралиски закони, странците осудени на една или повеќе години затвор го губат правото да живеат и да работат во земјата.
Судиите четири спрема три пресудиле дека австралиските Абориџини не се „во дофат” на уставните референци за странски граѓани.
„Австралиските Абориџини имаат посебна културна, историска и духовна врска со територијата на Австралија, што е клучно за нивните традиционални закони и обичаи и која е призната со заедничкиот закон”, се вели во пресудата.
Постоењето на таа врска, рекоа тие, значи дека австралиските Абориџини не можат да бидат класифицирани како „странци” според законот.
Министерот за имиграција Алан Тудџ рече дека пресудата „создава нова категорија на лица; ниту австралиски државјанин според законот за австралиско државјанство, ниту не државјанин”.
Владата сè уште ги разгледува импликациите, рече тој, и „ќе ги разгледа најдобрите методи за преглед на други засегнати случаи”.
Клер Гибс, адвокат на двајцата мажи пред новинарите изјави: „Овој случај не е за државјанство, туку за тоа кој припаѓа тука”.
„Што значи ова, и што е вистинското значење на овој случај, е дека Абориџините, без оглед каде се родени, ќе имаат заштита од депортација”.
Брендан Томс е ослободен од притвор и нема да биде депортиран во Нов Зеланд. Тој потекнува од народот Гунгари и има законски признати традиционални права на земјата Гунгари.
Сепак, останува нејасно што ќе се случи со Даниел Лав, кој потекнува од Камилероите, а судиите не можат да се усогласат дали тој бил прифатен како припадник на племето, па не може да каже дали е квалификуван за специјалниот статус.