Повреда на светото место на Абориџините

Улуру е свето место за Абориџините во Австралија, и се повеќе се изострува дебатата дали на туристите ќе им биде дозволено да се искачуваат на камениот монолит.

Улуру, најголемиот камен монолит во светот, е една од атракциите на Австралија. Пред триесет години, контролата над него му е вратена на Абориџините.
Сега во Австралија се изострува дебата за тоа дали на туристите ќе им биде дозволено да ја посетуваат во иднина оваа локација.
Таа се наоѓа во сите туристичките брошури на земјата – но за Абориџините, Улуру е свето место.
Еквивалентно на големата соборна црква или џамија.
„Ова место има големо традициско и духовно значење за нас. Тоа содржи многу приказни од нашата традиција”, рече Абориџинката Памела Тејлор.
Да се искачите на Улуру, значи дека не се почитуваат оние на кои тој им е светто место.
За тоа не се размислувало до 1980 година, тогаш Улуру бил познат под името од колонизаторите, и се викал Рок Ајер.
Но, денеска знаците, како и туристичките водичи, се јасни.
„Ова е нивното свето место. Тие побараа од нас да не се искачуваме”, истакна еден туристички водич.
Значаен број на посетителите не ги почитува овие барања на Абориџините.
Тоа е разбирливо зошто некои се уште се искачуваат. Игнорирајќи го знакот кој предупредува да не се прави тоа, постои уште еден знак кој покажува дали поминот на Улуру е отворен или затворен. Само одредени временски услови и капијата што води кон преминот го затвора пристапот.
„Ако навистина сакате да ги спречите луѓето да не се качуваат нагоре, тогаш треба да се затвори патеката. Но, ако тоа се вели дека патот е отворен, тоа значи дека тоа е во ред да се оди нагоре”, рече Јокои, туристички водич од Јапонија.
„Владата има преземено вистински чекори за да се забрани качување”, заклучи Кејт Адамс од Националниот парк Улуру.
Еден од чекорите е од­враќање на туристите од искачување. Денес помалку од 20 проценти од посетителите го прават тоа. Во меѓувреме се охрабруваат тури кои се со прошетка околу Улуру.
Но, се чини дека на туристичкото искачување до врвот на Улуру наскоро ќе му дојде крајот.

Останати вести