Владата на Тони Абот ги запре бродовите за 50 денови

По само 50 денови на работа, прајминистерот Тони Абот изјави дека веќе започнал да ги исполнува ветувањата, и меѓу нив вклучувајќи го и запирањето на бродовите со имигранти.

Тој на либералната конференција во Тасманија се пофали дека има силен почеток на коалицијата која успеа за кратко време да ги запре бродовите, успех кој во изминативе шест години не беа кадарни лабуристите да го остварат. Во овие два месеци бројот на илегални доаѓања е намален на само 10 проценти од врвот што се постигна во јули под водство на Кевин Рад. Нашата задача е не само да го менаџираме овој проблем туку целосно да го запреме.
Наследивме хаос од претходната влада, а нашата задача е да ја укинема јагледородната такса и даноците што ја афектираа индустријата за коли и рударската индустрија.
Абот предупреди дека пред нас има економски предизвици како и пред целиот свет што се бори со рецесијата. Светот е денеска несигурен бидејќи во многу земји имаше лош менаџмент.

Останати вести