Тони Абот во Индонезија

Прајминистерот Тони Абот е на својата прва интернационална посета и веќе се сретна со Сусило Бамбанг Јудијоно, претседателот на Индонезија. Абот со првата посета на нашиот сосед сака да покаже дека се грижи за одржување на добрите односи и во исто време тој иницира да се отвори дискусија за деликатните прашања со бродовите кои доаѓаат со бегалци од пристаништата на оваа островска држава.

За лидерот на Австралија ова е многу важна посета бидејќи ќе треба да ги задржи добрите односи и кооперација на Индонезија, за да успее неговиот план за заштита на границата. Во делегацијата покрај прајминистерот Тони Абот се и министерката за надворешни работи Џули Бишоп и министерот Ендру Роб, заедно со повеќе бизнисмени. Загриженоста на власта во Индонезија е поради намерата на Австралија да ги враќа бродовите назад и да ги спречува во нивните намери да одат кон нашиот континент. Сегашниот претседател Сусило, кој следната година го завршува мандатот по 10 години, се смета за погодна личност со која може се постигне договор, бидејќи по 12 месеци неговиот наследник би можел да биде отворено против.

Останати вести