„Божјиот човек“ злоставувал девојчиња цели 10 години

Бапу меѓу другото е обвинет за осакатување на четири деца во еден обред за жртвување, а со синот Нарајан Саиј е обвинет за силување на две девојчиња, кое траело 10 години.

Познатиот индиски гуру, 77-годишниот Асарам Бапу, е осуден на доживотна робија поради силување на 16-годишни приврзанички, а заедно со синот е обвинет за силување на две девојчиња, кое траело цели десет години.
Судот во Индија минатата среда, самопрогласениот „божји човек”, духовниот лидер Бапу, го прогласил за виновен за силување на тинејџерки од 16 години, кое го извршил во 2013. година, пренесува „Index.hr”.
Како што навеле тамошните медиуми, Бапу бил повикан да изврши егзорцизам над една тинејџерка, чие семејство го следело повеќе од 10 години. Девојчето го пријавило силувањето во полиција, а Бапу бил уапсен и од тогаш ја чекал пресудата во затвор.
Неговите следбеници организирале протести по апсењето и тогаш изјавувале дека милиони луѓе се со него, како и дека сите обвиненија против гуруто се лажни. Исто така, следбениците изјавувале дека Бапу се занимава со црна магија и дека поради тоа може да ја менува судбината на своите следбеници.
Поголем дел од населението организирало протести против гуруто и останатите слични самопрогласени духовни лидери во Индија. Бапу меѓу другото е обвинет за осакатување на четири деца во еден обред за жртвување.

Останати вести