Суперѕвездата Адел ја изненади пријатно публиката на концертот во Перт. Освен со музиката, таа ги израдува фановите и со банкноти од 20 долари.
Парите стигнаа до публиката заедно со маици кои таа ги истрела од сцената со желбата луѓето потоа да “испијат по една” во нејзино име.
Пејачката исто така се пошегува со публиката дека тензиите од турнејата, како и енергијата која ја троши на сцената ѝ помогнале да влезе во форма.
“Ќе изгубам килограми за време на оваа турнеја. Потењето ги намалува моите бедра”, се пошегува таа со фановите на “Домен стејдиум”.
Според изданието “Сиднеј морнинг хералд” концертот на Адел бил најбројниот во историјата на Западна Австралија. Пејачката ќе е на континентот во текот на целиот месец март, а Перт и беше нејзиниот прв концерт во Австралија.