Африка се дели на два дела, и тоа побрзо отколку што се мислеше

Источна Африка се од­војува од остатокот од континентот во рамки на геолошки настан кој за милион години би можел да го остави тој континент без неговиот „рог”. Сепак, оваа појава уште сега предизвикува проблеми, пишува Индипендент.

Геолошкиот процеп на источната страна на континентот, кој еден ден ќе го исполни океанот, се шири побрзо отколку што претпоставуваа научниците.
Од таа причина, кенискиот пат Маи махиу се урна откако под него се појави пукнатина, соопшти Кениската национална управа за автопатишта.
Во процепот надошла вода, дополнително влошувајќи го проблемот со создавањето дополнителни пукнатини во земјата.
„Големиот расцеп ја раздвојува Африка на две плочи. Утврдивме дека сомалиската плоча се одвојува од остатокот на континентот со брзина од 2,5 сантиметри годишно. Доколку овој тренд продолжи, сомалиската плоча ќе продолжи да се одвојува од нубиската плоча, што може дополнително да ја загрози постојната инфраструктура и безбедноста на населението”, изјави геологот Дејвид Адеде.
Научниците ќе продолжат да работат на проучувањето на оваа појава, за да можат да ја советуваат владата околу најбезбедните места за изградба на патишта и куќи.
Одвојувањето на сомалиската плоча е предизвикано од движењето на дел од Земјината обвивка, која ја пренесува топлината од Земјиното јадро кон нејзината површина.

Останати вести