Во просториите на Агенцијата за иселеништво, директорот Никола Шалваринов оствари работна средба со г-дин Методија Колоски и претставници на Обединетата македонска дијаспора.
На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу ОМД и Агенцијата за иселеништво, но и за идните активности и унапредување на соработката. Шалваринов ги запозна присутните со досегашните активности на Агенцијата за иселеништво, но и за идните предвидени работни задачи на тимот на Агенцијата. Претставниците на ОМД упатија благодарност за остварениот состанок и ги пренесоа своите мисли и ставови за продолжување на заедничката соработка. Овој работен состанок заврши со неколку конструктивни заклучоци кои ќе бидат имплементирани во понатамошната соработка.
Во основа оваа агенција е виртуелна и многу подобро работеше во времето кога Македонија беше дел од Југославија, кога повеќе се грижеше и ги помагаше македонците во иселеништво. Сега е само гнездо за вработување кое фондот целосно го јадат за свои потреби и постои само на “фејсбук”.