Аделаид имаше силен почеток во првите дваесетина минути од средбата во фудбалската А-лига на Австралија, против Њукастел. Гостите од Њукастел срамежливо полека почнаа да напаѓаат, но се чувствуваше несигурност во нивната игра.
Бен Кантаровски беше првиот играч што доби жолт картон после остриот старт врз Мекгован. Впрочем, тактиката на Њукастел Џетс беше задржување на играта и чести прекршоци, а покрај нашиот Кантаровски жолти картони добија ТрифуновиЌ и Карни.
Во последните моменти од средбата од слободен удар топката со глава ја зафати Хофман и ја затресе мрежата, но линискиот судија сигнализираше офсајд и резултатот остана 0-0.
Помина уште едно коло, а Аделаид Јунајтед останува без победа во А- лигата оваа сезона.