Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика Турција да не ја претвори поранешната базилика “А(ги)ја Софија” во џамија, како што сака турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Ги повикуваме турските власти да продолжат да ја сочуваат “Аја Софија” како музеј, да ја покажат нивната заложба за почитување на културните традиции и богатата историја што ја формирала Турската Република и да гарантираат дека таа ќе остане отворена за сите. Соединетите држави сметаат дека секоја промена во статусот на Аја Софија би претставувала ограничување на наследството на таа исклучителна градба, напиша Помпео.
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој вели дека Турција е „изненадена” од ваквите изјави, додавајќи дека „никој нема право да зборува со предупредувачки тон за нашите суверени права”.
“Аја Софија”, истанбулската црква од VI век, е запишана на списокот за светското културно наследство на УНЕСКО. Црквата била изградена од Византијците и била катедрална базилика и најголема црква во тоа време, а Османлиската Империја ја претворила во џамија во 14 век, за да стане музеј во 1935 година по решение на Ататурк.
Минатата година Ердоган ја нарече трансформацијата на “Аја Софија” во музеј за „голема грешка”