Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за време на положување на цвеќе во Прилеп по повод Денот на востанието – 11 Октомври, говореше и за интеграцијата на Македонија во ЕУ. Тој смета дека ако Унијата дозволи македонскиот јазик да биде пречка, тогаш не ја заслужува придавката европска.
– Не е европски македонскиот јазик да стане пречка на нашата европска иднина и интеграција. Ако Европската унија дозволи на некој начин македонскиот јазик да биде пречка за нашата интеграција, тогаш таа нема да ја заслужи во своето име придавката “европска” и не знам дали ќе можеме да веруваме на ваква европска унија. Нема пријателство без заемна почит. Сите што сакаат да го видат македонскиот народ блиску и пријателски, мора да нè прифатат кои сме и каков јазик зборуваме, ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик, рече Димитров.