Никола Ристановски, актер на годината

Најнаградуваниот македонски актер Никола Ристановски е шестиот носител на титулата актер на годината, што ја доделува редакцијата на „Дневник”, кој слави 20 години од основањето.

Жирито, со кое претседаваше театрологот професор Јелена Лужина, едногласно одлучи наградата за најдобар актер во 2015 година да му ја додели на Ристановски за улогите на Астров во „Вујко Вања” и за Воланд во „Мајсторот и Маргарита” во неговата матична куќа МНТ. Во жири-комисијата, покрај Лужина, учествуваа и театрологот Мишел Павловски, Лилјана Дамовска, главен и одговорен уредник на магазинот „Теа модерна”, уредникот на рубриката за култура во „Дневник”, Игор Илиевски, и театарскиот критичар Тони Димков.
Наградата на Ристановски ќе му ја врачи минатогодишниот лауреат Диме Илиев на свеченост во Македонскиот народен театар.

Останати вести