Актерите од МНТ не ја одиграа „Ничија земја“, протестираа за притворот на Владо Јовановски

Во четвртокот не се одигра претсавата “Ничија земја” во Македонскиот народен театар. Актерите излегле на сцената и и соопштиле на публиката дека во знак на протест нема да ја одиграат претставата.

Актерите овој потег го направија откако нивниот колега Владо Јовановски, кој најпрво беше во домашен притвор, истата вечер бил пренсен во притвор во истражниот затвор во Шутка.

Јовановски е вработен глумец во МНТ од 1993. Стана особено популарен по серијалот “Мојата чудесна Македонија”.

Директорот на МНТ, Драган Спасов-Дац, објави дека сите актери ќе бидат казнети затоа што не ја одиграле преставата „Ничија земја” како поддршка на приведените глумци.

„Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста. По разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија. Театарот постои за публиката и така ќе остане. Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика” – напиша Дац во својата реакција.

Останати вести