Актерката Силвија Стојановска останува во притвор. Судот одлучи таа да остане во домашен притвор до 16 февруари, кога повторно ќе се одлучува за мерката.
Познатата актерка беше приведена на 19 декември поради сомневање дека е вмешана во шверц на кокаин, во акција која беше меѓународна, а дрогата беше запленета во Шпанија. Вкупно пет лица, од кои тројца во Шпанија и две во Македонија се уапсени, а по други две – еден турски и еден грчки државјанин се трага.
Освен Стојановска во Скопје беше приведен и нејзиниот партнер Војкан Будисављевиќ, а самата се сомничи дека била помагач во шверцот на 700 килограми дрога од Колумбија. Братот на Војкан, пак, е уапсен во Шпанија.
Дрогата била пронајдена во Мадрид, а Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.