Рекордно земање на ваучери од 100 долари преку програмата ‘Aктивни Деца’

Повеќе од половина милион родители во Нов Јужен Велс го презедоа од Интернет ваучерот кој им се нуди преку програмата ‘Активни деца’, која започна на 31ви јануари, што го потврдува нејзиниот убедлив успех.

Премиерот, Gladys Berejiklian, рече дека е радосна што родителите ја искористија можноста да го преземат преку Интернет нивниот ваучер во вредност од 100 долари за да ги покријат трошоците за регистрирањето на нивните деца во спортски и активни рекреативни физички активности.
„Прекрасно е да се виде како мајките и татковците ја искористија оваа програма за да им помогнат на нивните деца да бидат физички активни,” рече г-ѓицата Berejiklian.
„Досега, повеќе од 500,000 ваучери беа преземени од Интернет откако започна програмата ‘Активни деца’, што е феноменален резултат.
Искористени се повеќе од 315,000 ваучери, што значи колективна заштеда за родителите од 31 милиони долари за наплата на регистрирање на нивните деца за спортски активности.
Свесни сме дека трошоците во врска со занимавањето на децата со спорт и други физички активности често може да го оптоварат домашниот буџет. Програмата ‘Активни деца’ претставува еден начин на кој Владата на Нов Јужен Велс им ги ублажува трошоците на родителите при животните притисоци со кои се соочуваат.”
Министерот за спорт, Stuart Ayres, рече дека родителите сега може да се пријават по електронски пат на Service NSW за да го добијат нивниот ваучер во вредност од 100 долари кој ќе можат да му го достават одобрениот клуб или организација кои нудат спортски или физички активности.
„Ако можеме да ги измениме навиките на многу деца, да ги тргнеме од нивните електронски направи и да ги натераме да излезат надвор на сонце и да шуткаат фудбалска топка или да се занимаваат со спортот што го сакаат, тогаш им помагаме на младите да имаат поздрав почеток во животот,” рече г-динот Ayres.
„Повеќе од 9,000 спортски организации и организации кои нудат физички активности веќе се регистрирани и очекуваме повеќе различни спортски организации во државата да продолжат да се регистрираат.
Покрај традиционалните спортови, постојат и физички активности, на пример, пливање, часови по танцување, атлетика, SCOUTS (извидничка организација) и PCYC (Младински клубови на полицијата и заедницата), на кои родителите ќе можат да ги користат нивните ваучери.
Активните деца се здрави деца и се додека нивната програма трае повеќе од осум недели и вклучува физички активности со умерен до силен интензитет – таа ќе се квалификува за да биде одобрена.”
Родителите може да поднесат барање за ваучер и да го искористат до 31ви декември 2018.
За повеќе информации отидете на sport.nsw.gov.au/activekids или телефонирајте во Service NSW на 13 77 88.

Останати вести