Албанската мафија шверцува бегалци преку Јадранот

По успешното затворање на балканската рута, меѓународните банди за криумчарење веќе пронашле нови патишта, а албанската мафија со брзи чамци тоа го прави преку Јадранското Море во Италија, пишуваат медиумите, повикувајќи се на извори блиски на Владата.

„Кронен цајтунг” додава дека поради тоа Австрија подготвува воведување на уште поостри мерки на гранична контрола за да го спречи криумчарењето на мигранти преку алтернативни патишта преку Италија, пренесува Танјуг.
Министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил најави дека следните недели ќе биде завршена фазата на планирање и ќе почнат зајакнати контроли на граничните премини преку Италија.
Точниот датум на почетокот на зајакнатите контроли засега не е соопштен.

Останати вести