Александар Вељановски потпиша за Волонгонг Јунајтед

Бившиот фудбалер на Пелистер и младински репрезентативец на Македонија, Александар Вељановски го смени клубот во Австралија.

Во новата сезона тој ќе настапува за екипата на Волонгонг Јунајтед – Илавара, клуб од Премиер Лигата на Австралија.
Вељановски потпиша договор на една сезона и е претставен како големо засилување за екипата на Волонгонг. Минатата година екипата го освои првото место, а исти се амбициите и оваа сезона. Претседател на клубот е Пеце Вртески, а тренер, Оливер Вртески.

Останати вести