Александровото оро го положи тестот на времето

Минатата седмица на недоличен начин се јавија некои медиуми кои со својата неинформираност и известување еднакво на злоба се однесуваа како за прв пат да го откриле тркалото.

Доколку немаат знаење треба да се посоветуваат за тоа како се создадени повеќето од нашите ора што се врз основа на нашите традиции. Како што се ората: Комитско; Илинденска Епопеја; Тешкото; Невестинското; Калај­џиското; Жетварки; Тутуноберачи; Гроздобер и др.
Целта на нивниот отров беше само да се извадат што повеќе навреди за единственото оро за нашата далечна историја од времето на Филип и Александар што е направено во 1995 год. Впрочем тоа не е правено за на свадба како што не се и другите горенаведени, но тешко е да му објасниш на некој што е скаран со реалноста дека во Александрово Оро се покажуваат главните настани од животот на Александар. Преку фолклорот со симболичен начин е прикажана оваа легендарна личност исто како и во Комитското во кое има приказна. На крајот најголем судија е тестот на времето, а ова оро навлегува во својата трета деценија.
Но да се држиме на фактите и да ги изнесеме само следниве податоци… пред безмалку 21 год. АММД Никола Карев го изигра Александрово Оро. Кореографот на друштвото Аце Петровски со играорците за прв пат го претставија пред јавноста на Македонскиот Илин­денски Фестивал на кој се натпреваруваа 16 К.У.Д од Викторија, а Никола Карев со Александрово Оро го освои првото место. На својата турнеја низ Македонија во 2003 година беше прикажано и во повеќе градови низ Републиката. Желбата на АММД Никола Карев Александрово Оро да биде снимено во студио најпрофесионално како филм се оствари минатава година. Видеото има превод на англиски и јавноста многу добро го прифати Александрово Оро.
Друштвото прави нешто историско за зачувување на македонскиот фолклор, пес­ната и орото, а такво нешто никој не спомнува а треба да се каже дека Македонското младинско друштво Никола Карев од Мелбурн се формирало токму од тие причини. Основано во далечната 1977 година во Мелбурн АММД Никола Карев е светилник и едно од најпрофесионалните друштва во дијаспората. А за тоа посебна заслуга за долгите години на врвот и успешното афирмирање на фолклорот во Австралија има претседателот и кореограф на друштвото Аце Петровски, кој веќе 27 години ги води играорците низ тајните на убавиот македонски фолклор.
ТРЕБА ДА СМЕ БЛАГОДАРНИ ШТО МЛАДИТЕ ИГРАОРЦИ СЕ СЕКОГАШ ТУКА КОГА ТРЕБА ДА СЕ ПРЕТСТАВИ НАШАТА НАЦИЈА ВО НАЈУБАВО СВЕТЛО.

Останати вести