Џокејот Керин МекЕвој го освои својот втор Мелбурн Куп со коњот Аламадин, кој во последните секунди изби пред Хартбејк Сити во епскиот дуел.
Сопственикот Лојд Вилијамс со оваа победа има пет титули на Мелбурн Куп во долгата историја од 156 години. За Аламадин Вилијамс изјави дека е седумгодишен германски коњ, негов татко е Монсун кој е исто така татко и на победниците на трката во 2013 и 2014 година. Годинашната награда за трката долга 3,200 метри е 6,2 милиони и е иста по вредност во изминативе четири години.
Еден среќен обложувач на трката успеа да оствари незамисливо погодување во вторникот, точно избирајќи го редоследот на првите четири коњи и обични $10 ги направи $240,000.