Алтона Маџик Вардар – Грин Гали 0:1

НАЦИОНАЛНА ПРЕМИЕР ЛИГА НА ВИКТОРИЈА, 6 КОЛО

Ниту замената на тренерите не дава засега подобрување во играта на Алтона Маџик Вардар. Тренерот Џон Марковски беше заменет пред три недели со Арчи Давис, но се уште чекаме за првата победа оваа сезона. За жал минатава среда беше доживеан уште еден пораз.
Првото полувреме се играше без голови. Но, само што започна вториот дел, стрелец на единствениот гол на оваа средба беше Лук Џего во 47 минута. Во последните десет минути од оваа средба гостите играа со десет играчи на теренот, под целосен пресинг, но успеаја да ја задржат минималната предност за победа.
За црвено-црните следниот натпревар е од исклучителна важност да се добијат трите бода, бидејќи се игра со фенерџијата на табелата кој има освоено само еден бод од шест натпревари. Впрочем и ситуацијата со нашата Алтона Маџик Вардар загрижува бидејќи се наоѓа на предпоследеното место со само три бода од три нерешени средби и исто толку порази. Гол разликата е со негатива од 5 гола.
Да се надеваме дека ќе започне да функционира подобро тимот и да се одлепи од дното кошто води кон испаѓање од лигата.
Алтона Маџик Вардар играше во следниот состав: Одлфилд, Тавшанчионоглу, Рутвен, Лиа, Сете, Лукас, Ристиќ, Перчевски, Нун, Арчибалд и Гилрој.
Во сабота, на 10 април, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Данденонг Сити со почеток во 18:30 часот.

Останати вести