Алтона Маџик Вардар во следното коло против Саут Мелбурн

Фудбалски куп на Австралија:
Оваа недела беа извлечени противниците на сите екипи што останаа во петтото коло за престижниот куп на Фудбалската Федерација на Австралија (ФФА).

Нашиот реномиран клуб Алтона Маџик Вардар беше избран прв и доби право да биде домаќин, за противник ја доби екипата на Саут Мелбурн. Средбата ќе се игра на домашниот стадион на Вардар во Алтона, а се очекува времето и денот да биде прецизирани наскоро од двете екипи и се шпекулира дека тоа ќе биде во наредните 14 денови.
Саут Мелбурн се натпреварува во Националната премиер лига на Викторија и ќе биде уште еден тврд орев за кршење. Сепак избраниците на Владо Тортевски веќе еднаш покажаа во минатото коло како се игра против екипи од повисокиот ранг, кога убедливо ја декласирaа екипата на Баларат Ред Девилс со 4–1. Тогаш според играта и шансите, можеше дури да биде и далеку поубедлива победата.
Им посакуваме на “магичните” уште еден успех и квалификација во наредното коло.
Дознаваме дека Алтона Маџик Вардар наскоро ќе се појави со исти дресови како и Вардар од Македонија, односно во опремата на “Hummel” кој е познат спортски бренд од Данска.

Останати вести