Прва фудбалска лига на Викторија -12 коло
Лидерот на табелата забележа сигурна и убедлива победа од 6:1. Гостите примија гол уште во првата минута, буквално во првите 20 секунди, кога Хејн упати одличен центаршут на првата статива, натрча Мек Шејн и со силен удар ја погоди мрежата.
Девет минути подоцна веќе беше 2:0. Повторно Хејн во акција по десната страна, го мина и голманот, ја сврте топката до слободниот Мек Шејн на кого не му беше тешко од неколку метри да ја погоди празната мрежа.
Во 23 минута при една интервенција гостинскиот голман Хендерсен се повреди, играта беше во прекин пет минути, и продолжи со влегување на резервниот голман Фетеил. Претходно “магичните” дадоа гол, но судијата Хари Милас по консултација со својот помошник го поништи, наводно поради офсајд, за кој не сме сигурни дали и постоеше.
Во 32 минута – 3:0. Новиот играч Никола Марковски направи убав продор по левата страна, центрираше, натрча Хејн кој со силен удар го совлада немоќниот готински голман. Една минута пред крајот на првиот дел, бекот Стефанов од една мешаница зголеми на 4:0 и со овој резултат се замина на одмор.
Во вторите 45 минути, задоволство од високото водство, спласна играта. Во овој дел гостите од една мешаница пред голот на Лончариќ намалија на 4:1, и толку од нивна страна. До крајот на играта, Алтона Меџик Вардар даде уште два гола, најпрвин Мек Шејн зголеми на 5:1, а на две минути пред крајот повторно офанзивниот Стефанов ја искористи приликата и ја смести топката во мрежата на Фетеил, за конечни 6:1.
Во наредното 13 коло Алтона Мегџик Вардар игра во гости со тимот на Дајмонд Вали со почеток во 15 часот.