Прва државна лига на Викторија северо–запад, 20 коло
На средбата со Кило Парк гостите изненадија со голот во 23 минута на П. Григс, додека Џон Мекшејн во 35 минута го обебзбеди израмнувачкиот погодок за црвено црните.
Средбата претежно се играше на средината на теренот со блага иницијатива на Вардар.
Следната средба ќе биде со кандидатот за испаѓање Дајмонд Вали што очајно се бори за опстанок во лигата и овој викенд забележа висока победа на Вестерн Сабрбс од 4:1. Мотивацијата кај противникот ќе биде максимална да извлече поволен резултат.
Во сабота, на 27 август, Алтона Маџик Вардар гостува кај екипата на Дајмонд Вали Јунајтед со почеток во 15.00 часот.