Алтона Меџик Вардар – Кило Парк 3:0 (3:0)

Прва фудбалска лига на Викторија -21 коло
Се беше решено во првите 45 минути од играта, кога Алтона Меџик Вардар постигна три гола. Резултатот го откри најдобриот поединец на теренот Хејн уште во 10-та минута кога директно од корнер постигна гол и го совлада голманот на гостите Цоутзионс.

Единасет минути подоцна истиот играч беше стрелец и на вториот гол, кога одзеде една топка, влезе во казнениот простор и биеше прецизно во десниот долен агол на гостинскиот голман – 2:0.
Конечниот резултат го постави младиот Муса во 32 минута. Тој ја искористи грешката на гостинската одбрана и на голманот Цоутзионс и без тешкотии ја погоди мрежата за 3:0.

Во вториот дел “магичните” имаа уште две -три прилики кои не ги искористија, па средбата заврши со резултатот што беше постигнат во првото полувреме.
В сабота во последното коло Алтона Меџик Вардар му гостува на тимот на Норт Саншајн со почеток во 15 часот.

Останати вести