Алтона Меџик Вардар – Норт Саншајн 1:2 (0:1)

Прва фудбалска лига на Викторија -11 коло
Вардар го доживеа првиот пораз во првенството, во интересен и возбудлив натпревар. Гостите играа цврсто, со опасни контранапади. Вардарци добро почнаа, имаа две прилики кои не ги искористија, Адамсон и Мек Шејн, имаа и статива. Во 39 минута гостите поведоа со голот на нивниот најдобар играч Мемиши, кој ја искористи нерешителноста на Сиех и голманот Бечворд и ја погоди мрежата за водство од 0:1.
Во вториот дел во 65 минута се чини гостите постигнаа гол од офсајд позиција. Повторно Мемиши беше проигран, помошниот судија не сигнализираше офсајд позиција, Мемиши го мина и голманот Бечворд и без тешкотии погоди за 0:2. Залудно протестираа играчите на Вардар, а по консултацијата со својот помошник, главниот судија го призна голот.
Се чини, исходот можеби ќе беше поинаков, доколку во 78 минута Робсон постигнеше гол, беше сам, очи во очи со Сарик, но биеше слабо и гостинскиот голман спаси сигурен гол. Робсон имаше и други решенија, но го избра најлошото и големата шанса. Сепак, на една минута пред крајот по одличниот центаршут на новото засилување на лидерот Никола Марковски, Мек Шејн без тешкотии погоди за 1:2.
Во сабота во 12 коло Алтона Меџик Вардар игра дома со Канли, почеток во 17,30 часот.

Останати вести