Втора државна лига на Викторија северо–запад, 17 коло
Пораз за нашата Џилонг Македонија кој не влијае многу во завршницата. Уште пет кола остануваат до крајот на сезоната, а нашиот претставник е убедливо прв со шест бодови разлика од второпласираната екипа на Есендон Ројалс. Клубот, дознаваме, има добиено 500,000 долари од општината за подобрување на теренот во очекување дека следната година ќе заигра во првата лига.
Стрелец на двата гола за Алтона Сити беше А. Омбоје, додека голот за Македонија го постигна Б. Девлин.
Во сабота, на 6 август, Џилонг Македонија гостува на теренот на Хајделберг Старс со почеток во 15.00 часот.