Алтона Маџик Вардар – Вестерн Сабрбс 3:2

Прва лига на Викторија, 22 коло

Заслужена победа на Алтона Маџик Вардар пред своите навивачи, а Фестим Елмази  на оваа средба постигна два гола и е заслужен за сигурната победа. Првиот гол на натпреварот, кој го постигна со прекрасен удар Елмази, беше најава за победата на Вардар. До крајот на првото полувреме беше постигнат уште по еден гол од двата тима за 2 спрема 1.

 

До крјаот на натпреварот имаше неизвесност од нерешен резултат кога  повторно Фестим Елмази беше изненадувањето што ја донесе победата за 3 спрема 2.

Доколку Алтона Маџик Вардар имаше подобра локација на стадионот во близина на голема концентрација од македонската заедница  сигурно дека ќе добиеше поголем број навивачи при секој домашен натпревар. Ова што црвено црните го прават е вистинска магија, со малку средства и навивачи тие се вистинска гордост  на Македонците во Викторија, највисоко рангиран клуб и константно играат во горниот дел на табелата.

Честитки за извонредната сезона на клубот во која покрај фудбалерите и тренерот најголема заслуга имаат спонзорите, членовите, волонтерите и верните навивачи што го поткрепуваа клубот во сезоната 2013.

Останати вести