Ако чувствувате болки во грбот и рамената, колената или на друго место од телото, ставете алуминиумска фолија на болното место и по одредено време болката ќе исчезне.
Според руските и кинеските исцелители, биопотоците кои минуваат низ нашиот организам во биолошка активна точка, се одразуваат и се враќаат назад на меридијанот од каде излегуваат. Ова многу благотворно дејствува на болните органи, со кои овој меридијан е поврзан. На овој начин лесно се отстрануваат болките.
Како лекува алуминиумската фолија?
Обично алуминиумската фолија се става на болното место како завој. Третманот може да се применува за сите видови на болки на грбот, рацете, нозете, зглобовите, кај ревматодоиден артритис и др. На ист начин се лекуваат и постоперативните лузни, а фолијата се става на местото на хируршката трага.
Кинеската терапија за лекување со фолија се препорачува во текот на 10-12 дена. Секој ден треба да лепите парче фолија на болното место и да ја држите цел ден или цела ноќ. Потоа направете пауза од една до две недели и по потреба повторете го третманот.