По овие сознанија тој решава да почне да прави квалитетна облека која ќе биде достапна за сите. Како резултат на тоа, Ортега започнува сопствено производство за чија намена набавува евтини материјали од Барселона. Така почнува со продажба на евтина, но квалитетна облека во локалните продавници.
Продолжува да ја надоградува својата компанија и во 1975 година ја отвара својата прва малопродажна продавница, под името “Зара”. Таа се наоѓала спроти една од најпознатите стоковни куќи и набрзо “Зара” станува позната по продажба на високодизајнирана облека по пристапни цени.
Ортега продолжува да отвара нови продавници, а за секоја се трудел да одбере совршена локација. До 1989 година тој успешно води околу стотина продавници на “Зара” ширум Шпанија. Ортега во 1985 година ја основа “Индитекс холдинг” компанија за брендот “Зара”, како и други помали ланци. “Индитекс” станува една од најголемите текстилни компании во светот.
Неговата цел била моделите од модните писти до обичниот купувач да пристигнат за само неколку недели. Тој сакал облеката да се произведува во мали количини, а продавниците да се снабдуваат почесто, со цел да се намалат за залихи и испорака. Бидејќи ги задржал своите фабрики во Шпанија и произведувал помали количини на облека, имал можност да задржи голем број на работни места.
Во 2011 година “Индитекс Групацијата” излегува на берза, а со 59 отсто од својот удел, Ортега станува еден од најбогатите луѓе во светот.
Тој и понатаму јавно не се експонира, никогаш не дава интервјуа и многу ретко се појавува на јавни собири. Живее повлечен живот во Ла Коруња со својата втора сопруга и понатаму ужива во дизајнирањето и работењето на модните детали.
“Индитекс групацијата” поседува над 6.600 продавници ширум светот, а во нејзини рамки се брендовите “Зара”, “Масимо Дути” и “Пул енд Бер”.
– Ортега е налудничав оператор, кој беше многу стратешки настроен во поглед на растот на компанијата, изјави аналитичарката на компанијата “Морнингстар инвестмент сервисис”, Бриџет Вајшар.
Како што додава, благодарение на близината на производните постројки до седиштето на компанијата во Шпанија и дистрибуцијата на стока во продавниците два пати неделно, Индитекс бил во состојба брзо да одговори на промените во модните трендови за разлика од конкурентите кои го сконцентрирале производството во Кина, за да ги намалат трошоците.