Америка и порача на Русија дека води дипломатија со носачи на авиони

Амбасадорот на САД во Русија Џон Хантсмен изјави дека американската флота во Средоземно Море, предводена од неколку носачи на авиони, би требало да биде сигнал за Москва.

„Дипломатските врски и дијалогот во дослух со можните одбранбени системи на тие бродови ѝ покажуваат на Русија дека, доколку навистина сака да воспостави подобри односи со Америка, ќе мора да ја сопре сопствената дестабилизирачка активност низ светот”, кажа американскиот амбасадор.
Според него, секој носач на авиони во Медитеранот претставува „100.000 тони меѓународна дипломатија”.
Две групи на американската флота, предводени од носачите на авиони УСС Абрахам Линколн и УСС Џон Стенис од класата „нимиц”, пристигнаа во Средоземно Море за да учествуваат во воени вежби. Покрај носачите на авиони на кои има 130 авиони, во Медитеранот впловија и 10 други бродови. На нив се распоредени вкупно 9.000 морнари и маринци.

Останати вести