Америка и сојузниците ја бомбардираа Сирија

Американската армија заедно со Франција и Велика Британија како свои сојузници ја бомбардираше Сирија, односно испали стотина проектили врз воени цели блиски до режимот на Башр ал Асад и воената база каде се верува дека било чувано хемиското орујже користено за напади врз цивили и нивно труење во Дума.

Секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, посочи дека засега ова е прв и единечен напад преку воздух со Томахавк ракети, и дека истиот е доста тежок, но прецизецен и пропорционален и многу внимателно изведен.
Според него сега биле испукани нешто повеќе од двојно ракети во однос на ланскиот напад кога исто така се веруваше дека Асад користи хемиско оружје против својот народ.

„АЛ АРАБИЈА”: Нападнатите објекти во Сирија биле евакуирани пред неколку дена

Сириските власти изминативе денови ги евакуирале опремата и луѓето од објектите што беа цел на нападите на вооружените сили на САД, Велика Британија и Франција, јави телевизијата „Ал Арабија”.
Телевизијата повикувајќи се на висок претставник на сириксата армија, тврди дека евакуацијата била извршена по предупредување добиено од Русија. При нападите делумно е прикинато снабдувањето со електрична енергија во Дамаск. Пентагон претходно соопшти дека биле нападнати лабораторија за научни истражувања во Дамаск, во која се претпоставува дека се произведувало хемиско и биолошко оружје, две складишта за хемиско оружје во реонот на Хомс, како и воен команден центар во близната на овој град. Според Ал Џезира, меѓутоа, цел на нападите биле воениот аеродорм Меза кај Дамаск, база на сириската противвоздушна одбрана на планината Касин, како и објектите во кои се сместени две бригади на Вооружените сили на Сирија. Телевизијата нагласува дека биле погодени вкупно девет цели во Дамаск, неговата околина и други реони на Сирија.
Нападите биле извршени со авиони и ракети лансирани од бродови во Средоземното Море, како и од едно пловило во Персискиот Залив, стационирано во близина на Катар.

Останати вести