АНУЛИРАНО ВЕТОТО НА ЗАKОНОТ СТАВЕНО ОД ОБАМА
Американскиот претседател Барак Обама истакна дека Kонгресот направил грешка со тоа што го анулирал неговото вето и истуркал закон што дозволува правни акции против Саудиска Арабија поради нападите од 11 септември 2001 година. Обама додаде дека законот би бил опасен преседан за индивидуи од светот да ја тужат американската влада, пренесе Би-би-си.
Гласањето беше првпат некоја моќ на Обама да биде надгласана. Директорот на ЦИА, Џон Бренан се согласи дека законот носи сериозни последици за националната безбедност.
Актот на правдата против спонзорите на тероризмот (ЈАСТА) ја отвора вратата за фамилиите на жртвите од терористичките напади да го тужат кој било член на саудиската влада кој е осомничен дека имал улога во нападите. Петнаесет од вкупно 19 киднапери на авиони беа Саудијци, но кралството, кое е клучен сојузник на САД, негира дека има каква било улога во нападите во кои загинаа околу три илјади луѓе. Иако американските разузнавачи покажаа сомневања за некои од врските на киднаперите, не се докажа дека има врска која би ги потврдила тврдењата дека Саудијците обезбедила финансиска поддршка за осомничените.
– Ова е опасен преседан и е пример зошто некогаш мора да го правите тоа што е тешко. Искрено, посакувам Kонгресот да го правеше тоа што е тешко. Мојата грижа е поврзана со тоа што не сакам ситуација во која одеднаш сме изложени на обврски за сета работа што ја работиме во светот и одеднаш се ќе најдеме како предмет на приватни тужби – истакна Обама.
Но, фамилиите на жртвите и нивните адвокати ги отфрлија ваквите грижи.
– Се радуваме на овој триумф и го чекаме нашиот ден во судот и времето кога можеби конечно ќе добиеме повеќе одговори во врска со тоа кој навистина стои зад нападите истакна Тери Страда, претставник на фамилиите и преживеаните.
Обама, исто така, сугерира дека начинот на гласање на неговите колеги е под влијание од политичките грижи.
Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернст истакна дека гласањето е најсрамното нешто што американскиот Сенат го направило во последните неколку децении. Но, поддржувачите на мерката рекоа дека легислативата се применува само на терористички чинови кои се случиле на американска почва и го нападнаа Обама за давањето поголема важност на односите со Саудиска Арабија.
– Белата куќа и извршното тело се многу позаинтересирани за дипломатските обѕири. Ние сме позаинтересирани за фамилиите и правдата – истакна сенаторот Чак Шумер.