Пристигнуваат американски тенкови во Полска

Варшава – Американски тенкови и оклопни возила со повеќе од 3.000 војници почнаа да пристигнуваат во Полска, јави Би-би-си. Тие се дел од одговор на американскиот претседател Барак Обама на загриженоста на НАТО-сојузниците поради Русија.

Тоа е најголемо американско ангажирање во Европа во изминатите неколку децении. Повеќе од 80 тенкови и стотина оклопни возила пристигнаа во Германија и сега се префрлуваат кон Источна Европа по патишта и железница, наведува Би-би-си.

Песков: Тоа е закана

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „Русија, на распоредувањето на американските тенкови и други оклопни возила во Полска гледа како на закана”.
Според него, Москва негативно гледа на военото трупање во близина на нејзините граници.
„Ние тоа го толкуваме како закана и како акција која ги загрозува нашите интереси и безбедноста. Трета земја го зголемува своето воено присуство во близина на нашите граници во Европа. Тоа дури не е ни европска земја”, изјави Песков.
Најмалку 80 американски тенкови и стотици оклопни возила веќе пристигнаа во Германија и сега тие се преместуваат кон Источна Европа, по патишта и со железница.
Песков додаде дека „не е важна големината на воениот контингент”.
„Дали се во прашање 1.000 или 10.000 тенкови? Сеедно. Тоа е јакнење на военото присуство и нема што да се додаде”, рече Песков.

(Ал џезира)

Останати вести