Анализа на урината ќе го открива аутизмот?

Научниците веруваат дека еден ден ќе можат да постават дијагноза на аутизам само врз основа на анализата на урината.

Истражувачите од британскиот „Империјал Колеџ” Лондон и од австралискиот универзитет Јужна Австралија откриле дека децата кои боледуваат од аутизам имаат различни вредности на некои хемикалии во урината во однос на децата кои не боледуваат од таа болест.

Во написот објавен во стручното списание „Journal of Proteome Research”, истражувачите напишаа дека луѓето кои боледуваат од аутизам имаат поинаков профил на бактерии во цревата.
Стручната јавност смета дека поради тоа би можело да биде можно да се разликуваат децата кои боледуваат од аутизам од здравите деца само врз основа на анализата на нуспроизводите од тие бактерии во урината.
Доктор Џереми Николсон изразува надеж дека откритието би можело да биде прв чекор кон создавање едноставен тест на урина за дијагностицирање аутизам во многу рана возраст, иако лекарите ги чека долг пат.
Се проценува дека од тоа развојно нарушување боледуваат една до две лица на сто луѓе.

Останати вести