Анџелина Џоли бара крај на војната во Сирија

Специјалната пратеничка на УНИЦЕФ, актерката Анџелина Џоли во неделата го посети бегалскиот камп Заатари во Јордан, каде ја повика меѓународната заедница да најде начин да ја заврши бесмислената војна во Сирија.

Џоли рече дека секоe преговарачко решение врзано за Сирија мора да ги почитува човековите права и достоинството на сите Сиријци, меѓу кои и милионите бегалци кои живеат во соседните земји.
На Анџeлина Џоли ова и е петта посета во кампот Заатари, најголем бегалски камп на Блискиот Исток во кој живеат 80.000 Сиријци.
„Никогаш не смееме да заборавиме дека војната почна со барање на Сиријците за поголеми човечки права. мирот во оваа земја мора да биде изграден врз тоа. Мирот не може да се гради врз основа на тоа никој да не биде казнет за гаѓање цивили, бомбардирање училишта и болници, за мачење, употреба на хемиско оружје и силување. Ве молам, покажете сила за преговарање за начелен крај на оваа бесмислена војна”, рече Џоли.
Таа во Јордан пристигна во друштво на 13-годишната ќерка Захара и 11 годишната Шило, кои во кампот се сретнаа со група девојки.

Останати вести