Анета: Ќе им пренесеме парче душа од нашата татковина

Започна турнејата на Анета Наковска и групата “Чардак” со нивната прва турнеја во Австралија и секако очекуваат пред се добар помин и незаборавни забави.

Како што вели Анета, досега имале можност да контактираат со Македонците во Австралија само преку радио, и испратија големи поздрави до сите.
– Сакаме едно парче душа од нашата татковина, со нашата песна и музика да пренесеме кај нашинците во Австралија, истакна Анета.
Хемијата која постои помеѓу Анета и групата “Чардак” на професионален план може да се види и по неколкуте реализирани песни заедно, како и заедничкиот проект во живо. Токму таа енергија која постои кај нив ќе биде пренесена и пред нашинците во дијаспората, преку нивниот репертоар на македонска музика.
Започнаа со концертот во сабота на 3 јуни во Перт. Следуваат настапите во Сиднеј на 9 и 10 јуни, во Мелбурн се на 16, следниот ден на 17 јуни во Квинбијан, па Крингила на 23, а во Џилонг на 24 јуни.
Со исклучиво македонска песна ќе ја презентираат нашата музика која е најубавото нешто.
– Нашата песна сите ја почитуваат и ја сакаат, не само соседите туку и ширум светот. Сите знаат дека групата “Чардак” го негува она најчистото од македонскиот мелос, додаде Анета.
Турнејата на Анета и групата “Чардак” е на покана на Охридското социјално друштво од Мелбурн што на 1 јули ќе го одржи својот традиционален годишен бал.

Останати вести