Анета и група Молика плус Дестановски е вистински хит

Не престанува да не изнедадува најдобриот глас на Балканот, Анета, која заедно со својата група Молика со Јованче и виртуозот на дувачки инструменти Џељо Дестановски прават извонредни настани.

Тие ги продолжија своите концерти низ Австралија, минатиот петок во Волонгонг се направи една одлична журка со најдобрата и најпопуларна пеачка од Македонија, прекрасната Анета Мицевска. За сите вкусови имаше по нешто и публиката беше презадоволна од прикажаното.
Дестановски со своето прво гостување во Австралија покажа зошто е царот на зурлата.
Младиот Јовица Наунчевски со одличен глас и супер осет за забава едноставно ја маѓепса публиката.
Гостувањата на групата Молика од Битола како секогаш остава одлични впечатоци како убедливо најпопуларна група од Македонија.

Останати вести